За Големата Традиционална Масонска Ложа на Франција 

За Големата Традиционална Масонска Ложа на Франција

  1. Слободното Sидарство е Посветеничко Братство кое има основа во традицијата на верба во Бог, Големиот Архитект на Универзумот.
  2. Слободното Sидарство е засновано на „Старите Должности“ на Братството, посебно во поглед на почитувањето на традиционалните правила на Редот, битни за Регуларната работа.
  3. Слободното Sидарство е Ред на кој може да му припаѓаат само слободни, независни и угледни мажи, кои се согласни во пракса да ги спроведат идеалите на Мирот, Љубовта и Братството.
  4. Слободното Sидарство тежнее кон морално подобрување на своите Членови во однос на целото Човештво.
  5. Слободното Sидарство побарува од сите свои членови прецизна и совесна пракса на Ритуали и симболизам, како средства за пристап до знаење на соодветен начин преку духовна иницијација.
  6. Слободното Sидарство побарува од сите свои членови да го почитуваат мислењето и верувањата на другите. Им забранува дискусии и спекулации за политика или религија. Заради тоа е постојан центар на Братското Единство каде владее толерантно разбирање и плодна хармонија помеѓу луѓето, кои без неа, би останале странци еден за друг.

За Слободните Sидари

  1. Слободните Sидари ги превземаат своите обврски врз Книгата на Светиот Закон врз која ја даваат својата искрена и света заклетва.
  2. Слободните Sидари се собираат во Ложи, надвор од секуларниот свет, за да работат таму според правилата на Обредот, со ентузијазам и посветеност, во согласност со принципите и правилата дефинирани во Конституцијата и Општиот Правилник на Обедиенцијата.
  3. Слободните Sидари во своите Ложи смеат да примат само возрасни мажи, со совршена репутација, чесни луѓе, лојални и дискретни, во секој поглед луѓе вредни за да станат нивни Браќа, способни да ги препознаат ограничувањата на доменот на човекот и бесконечната моќ на Вечноста.
  4. Слободните Sидари во своите Ложи ја одгледуваат љубовта кон Татковината, потчинување на законите и почит кон актуелната власт. Тие работата ја сметаат како примарна должност на секој човек и ја почитуваат во секоја форма.
  5. Слободните Sидари допринесуваат преку активен пример на мудро, полетно и достоинствено однесување да влијаат врз Редот, почитувајќи ја Слободноѕидарската тајна.
  6. Слободните Sидари си должат, еден на друг, чесна, Братска помош и заштита, дури и под ризик врз нивните животи. Тие ја практикуваат Уметноста за да ги зачуваат по секоја цена Мирот и Рамнотежата неопходни за совршено владеење врз душата.