Обреди

Обреди

Обредот е мошне прецизна структура на иницијација, клесана низ вековите од страна на мудри посветеници и има за цел да му помогне на Слободниот Sидар да се развие себе си во сите полиња како, моралното, етичкото, социјалното, но пред сè духовното. Да се достигне тоа што Грците го нарекувале преку зборовите на Сократ и Платон „состојба на мудроста“, тоа што христијаните го нарекуваат „просветлување“, кое што јапонците го нарекуваат „Сатори“, а Хиндусите го нарекуваат „духовна реализација“, тоа е примарната и основната цел на Слободното Sидарство, иако многумина понекогаш ќе ја заборават оваа последна точка, и ќе ја измешаат „религијата“ со „духовноста“, или „свештенството“ со „религијата“.

Нашата Обедијенција овозможува практикување на следните ритуали:

  • Стар и Прифатен Шкотски Обред
  • Француски Обред
  • Преработен Шкотски Обред
  • Обред на Емулација
  • Обред на Мемфис и Мизраим
  • Обред на Јорк
  • Примитивен Шкотски Обред
  • Стандарден Шкотски Обред

СТАР И ПРИФАТЕН ШКОТСКИ ОБРЕД

Овој обред настанува од обредот на Совршенството со 25 степени. Потоа бил изменет со обред со 30 високи степени, покрај првите три симболични степени од страна на Врховниот Совет на Чарлстон (Јужна Каролина) во 1801 во кој учествувал и Французинот Александар де Грес-Тили. Откако се вратил во Франција во 1804 година, го воспоставил Врховниот Совет на Франција во Париз.

Овој обред на високи степени тогаш се шири, особено во Америка и Европа. Врховниот Совет на Франција, во својата Обедиенција потоа ги дефинирал своите ритуали за првите три степени, а другите Обедиенции што го практикувале овој обред морале да се прилагодат. Високите степени се однесуваат на текстовите од Стариот и Новиот Завет. Обредот се оградува од тоа да биде фокус на религиозните намери кои што ги претставува: неговата симболика и неговиот езотеризам ако се изучуваат редовно и постепено, му носат на Слободниот Sидар доволно материјал за да го збогатат неговиот личен развој.

ФРАНЦУСКИ ОБРЕД

Францускиот Обред потекнува од времето на воведувањето на Слободното Sидарство во Франција, околу 1720 година, благодарение на британската имиграција од политички и религиозни причини.

Таа се заснова врз основните текстови на островските ложи, особено шкотските, кои датираат од 17. век и ги зема во предвид придонесите за неговиот развој во Франција во текот на 18. век до регулаторните текстови и на францускиот обред наречен „Модерен“, создаден во 1783. година.

Имињата на „Францускиот обред“ и „Модерниот обред“ се подоцнежни и не се појавуваат до крајот на 17. век. Неговата основа и ритуали се многу слични со тие на „Традиционалниот“ Француски обред настанат во 20. век: кои доаѓаат од истите извори и продолжуваат во ист дух.

Верен на оригиналното разбирање на спекулативното Слободно Sидарство од кое настанува, Големиот Капител на Суверените Принцови на Розата и Крстот на Францускиот Обред, управувале со францускиот режим.

Ритуалната структура се состои од:

  • Симболичките Ложи познати како „Свети Јован“, кои работат во првите три степени или степени на Ученик, Помошник и Мајстор.
  • Суверените Капители кои работат во корпусот на степените на мудроста:
    • Главно: Избран Мајстор, Мајстор на Шкотска, Витез на Истокот, Суверен Принц на Розата+Крстот.

ПРЕРАБОТЕН ШКОТСКИ ОБРЕД

Шкотскиот обред, преработен во сегашната форма, е создаден во Лион во 1778. година, каде што бил приложен на „Националната конвенцијата на Франција“.

Се потпира на континуитетот на француското Слободно Sидарство од 18. век, од тоа што го нарекуваме „Модерно Слободно Sидарство“, за разлика од „Старото Слободно Sидарство“, ако направиме споредба со, Стариот и прифатен Шкотски Обред и стилот на англискиот Обред на Емулација.

Ќе бидат додадени и други компоненти, според доктрината упатува на учењата на Мартинез де Паскали, како и влијанието на Луис-Клод де Сен Мартин, кои заедно со Жан-Баптист Вилермоз, се сметаат за „Духовните татковци“ на Обредот. Овие компоненти и неговиот христијански езотеризам го прават тешко пристапен.

П.Ш.О. (R.E.R.), еден од најстарите Слободноѕидарски обреди, формира целосен систем и со тоа воспоставува вистински напредок во процесот на иницијација. Изграден во форма на Слободноѕидарски режим, системот е поддржан од витешката димензија, која се одвива во нејзиниот Внатрешен Ред инспирирана од старото средновековно Витештво во воените и религиозните редови.

Концептот на режим одговара на Редот во неговата структурна организација, што е засновано на неверојатни обреди што се однесуваат на самите ритуали. Сетот е конечно одобрен и неговите ритуали се официјализирани на Вилхелмсбад Конвенцијата во 1782. година, четири години по неговото создавање. Малку е познато, но тој има растечки интерес веќе половина век.

Во нашето време, во пракса првите три „сини“ степени се во надлежност на Големата Ложа, додека четвртиот „зелен“ степен е во надлежност на Големите Национални и Независни Приори на Редот на Благородните Витези на Светиот Град.

Меѓутоа, оваа административна поделба, не го нарушува континуитетот на содржината од првиот до четвртиот степен од едноставна причина што нивните ритуали се напишани од страна на еден човек, Ј-Б. Вилермоз, 1778-1809 година. Оттука и специфичниот карактер на преработката, така што секој степен го завршува претходниот степен и го најавува следниот во совршена кохерентност и целина.

Меѓу принципите што ги застапува и кои ги наоѓаме низ традиционалното Слободно Sидарство, суштински е нагласена Добродетелта.

ОБРЕДОТ НА ЕМУЛАЦИЈА

Обединетата Голема Ложа на Англија, родена во 1813 година од соединувањето на двете често ривалски англиски големи ложи (Модерни од 1717 година и Стари од 1751 година) назначува една од своите ложи Емолациска Ложа за Подобрување, да ги обедини ритуалите од овие две обедиенции.

На почеток, ритуалот останал во форма на старата усна традиција и тек во втората половина на 19 век да почнат да се толерираат печатените текстови. Сепак, оралноста останува правило на обредот. Текстовите, не смеат да се читаат, се кажуваат во театарска форма придружени со прецизни гестови. Учењето „на памет“ тогаш се сметало за плоден метод за апсорпција и откривање на скриеното значење на ритуалот, односно да се напредува на патот на иницијацијата.

Овој англосаксонски обред е придружуван од „странични степени“, тие на Слободноѕидарскиот Кралски Свод (Royal Arch). Додека се смета за повисок степен од тој на Мајсторот, тој се наоѓа и во по висок обред во споредба со обредот „Емулација“. Затоа, тој обред ги поканува сите Слободни Sидари кои што се Мајстори на Обредот на Емулација.

ОБРЕДОТ НА МЕМФИС

Пред 1721 година, кога за прв пат се спомнува, Обредот од „Нарбон“ веќе постоел во Нарбон.

Тој бил наследник на две струи од египетското и розенкројцерското минато. Египетски заради „Редот на Африканските Архитекти“ (во смисла на египетски) и Розенкројцерски од „Браќата на Златниот Крст и Розата“ (или од Азија: што било скратеница EASIE од „Eques A Sancti Iohann Еvangelist“ – Витезите на Свети Јован Евангелист).

Овој Обред скоро исчезнал кога во 1779 година бил обновен во својот примитивен сјај од страна на Маркиз де Чифдебиен врз основа на Обредот на Филалетите и го земал името Примитивен Обред на Филалетите или Примитивен Обред на Нарбон.

Во 1798 година, офицерите на војската на Бонапарта, сите членови на Големиот Ориент на Франција и следбениците на Обредот на Нарбона, на мисијата во Египет, дошле во контакт со иницираните во Суфизмот и Колеџот за иницирање на Друзите во Либан.

Тие одлучуваат да се одречат од припадноста на Големата Ложа на Англија и да создадат нов Обред. Така се родила Ложата „Учениците на Мемфис“, во Каиро, следејќи ја традицијата на Обредот на Нарбона.

Семјуел Хонис, инициран во оваа Ложа, по враќањето во Франција во 1814 година во Монтобан, на 23 мај 1815. г. оснивал гранка на Ложата „Учениците од Мемфис“, и таа станала Матична Ложа на Обредот на Мемфис.

21 јануари 1816. година: МАРКОНИС ДЕ НЕГРЕ е избран за Голем Хиерофант.

23 март 1838. година: Создавање на ложата „ОЗИРИС“ во Париз .

21 мај 1838. година: Создавање на ложата „ДОБРОДЕТЕЛ“ во Брисел .

17 јуни 1841. година: Забрана од началникот на полицијата во Париз заради одрекувањето од републиканските активности.

5 март 1848. година: Одобрување за продолжување со работата.

Националните Големи Ложи потоа биле основани во различни земји, како во Романија, Соединетите Американски Држави, Египет, Австралија и Англија, каде што биле официјално инсталирани во Слободноѕидарската Сала (Freemasons’ Hall) во Лондон на 4 јуни 1872 година.

ОБРЕДОТ НА МИЗРАИМ

Овој обред се појавува (или поточно повторно се појавува) во Венеција во 1788 година. Затоа е еден од најстарите во Франција. Група Сицинијанци (протестантска анти-тринитарна секта) добила од Каљистро Повелба за Оснивање. Тој им ги доделил првите три степени на Слободното Sидарство кои што тој самиот регуларно ги добил од Обединетата Голема Ложа на Англија. Тој, исто така, им ги доделил на Високите Степени на германското темпларско Слободно Sидарство, кои што исто така ги имал регуларно.

Обредот брзо се раширил во Италија и се појавил во Франција со браќата Бедариди, кои од 1810. до 1813. година успешно го развиле овој обред, скоро под заштита на Шкотскиот Обред. Обредот на Мизраим имал блиски врски со Карбонарите (здружение на револуционерни грубпи во Италија, рудари на јаглен, од 1800. до 1831.), за кои станува прибежиште и заштита. Околу педесет ложи се создадени во Холандија, Франција и Швајцарија.

Во 1818. година, е објавувен во Брисел Општиот Статут на Редот на Мизрам за Холандија. Веќе имало Ложи, особено во Антверп, Монс, Кортријк и Брисел.

Во 1829. година, Обредот е воведен во Шкотска и Ирска.

Во 1822. година, тој бил пријавен на полицијата како „Непријател на државата, олтарот и престолот“, но полицијата не можела да го сопре.

На 18 јануари 1823. г., претресот кај Брат Вирне, во Монпеље, открива анти-свештенички документи и Обредот се забранува.

Тој ги продолжува своите активности во 1838. година. Повторно бил забранет во 1841. година за конечно, да биде обновен во 1848. година.

ОБРЕДОТ НА МЕМФИС-МИЗРАИМ

Набргу по нејзиното инсталирање во Англија (4 јуни 1872. година), Големата Ложа на Мемфис на оваа земја го назначува за почесен член генералот Гарибалди и веднаш се воспоставуваат односи помеѓу Врховниот Совет на Шкотска на Сицилија и Големиот Ориент на Египет.

На 26. октомври 1876. година, Националниот Голем Ориент на Египет (Обредот на Мемфис) му ја доделува на Многу Прочуениот Брат Гарибалди титулата Голем Мајстор ad vitam (доживотно). Под неговото Големо Мајсторство во 1881. година, по многу дискусии, Обредите на Мемфис и Мизраим, кои во повеќето земји ги имале истите високи степени, се спојуваат. Ова спојување било официјализирано во Неапол во 1899. година и го добило името „Стар и Примитивен Источен Обред на Мемфис-Мизраим“. Гарибалди честопати се нарекувал „вистински граѓанин на светот“ и се дефинирал како „Витез на Човештвото“. Тој пред сè бил „обединувач“ ценет за неговата искрена покорност, неговиот интегритет и неговата храброст. Тој имал голем сон: „Соединетите Држави на Европа“. Тој се залагал за единство помеѓу луѓето и бил убеден во потребата да се бориме „за човештвото и слободата воопшто“.

Непоправлив противник на Римската црква, тој барал одвојување на црквата и од државата. Тој сакал да воведе задолжително, бесплатно и секуларно образование со напуштање на верските собранија. Сепак, тој го одбил атеизмот, рамнодушноста и „бедниот материјализам“. Виктор Иго напишал за него: “Гарибалди, кој е Гарибалди? Тој е човек, ништо повеќе. Но, човек во сета возвишена смисла на зборот. Човек на слободата, човек на хуманоста“.

Да напоменеме, исто така, за историјата на Обредот, дека во 1925. година, како резултат на политичката состојба и ставот на фашистичката влада, Обредот бил замрен во Италија.

За време на војната 40.-45. г., Почесниот Светски Голем Мајстор на Мирот Роберт Амбелин, продолжил да работи тајно во својот дом со Ложата „Александрија од Египет“ во текот на целата војна.

Како и другите Обедиенции и Редот на Мемфис-Мизраим исто така го има отплатено својот дел, така што, на 26. март 1944. година, Констант Шевиљон, Голем Мајстор на Мирот на Франција, бил убиен со автоматска пушка од полицијата Виши.

На 20. април 1945. година, Брат Жорж Делив, Голем Мајстор на Мирот на Белгија, умира обезглавен со секира во дворот на затворот Брунсвик. Во камповите умреле и други Слободни Sидари, жртви и на нивниот Слободноѕидарски идеал и на нивниот патриотизам.

Благодарение на Прочуените Слободни Sидари и на сегашните Големи Мајстори, Обредот на Мемфис-Мизрам ги овековечува своите обичаи на верност кон принципите на братството и науката на иницијација.

Во моментот Обредот е присутен во неколку Обедиенции. И многу наши браќа сонуваат повторно да го обединатат тоа што е разделено…

ОБРЕДОТ НА ЈОРК

Развојот на Обредот на Јорк се совпаѓа со ширењето на Големата Ложа на Старите во почетокот на 18. век. Повеќе како „христијанска“ практика, овој Обред ќе го брани дури и Лоренс Дермот во неговиот „Ахиман Резон“.

Ако Обредот на Јорк ја има својата генеза во Шкотска, Ирските Слободни Sидари биле тие кои помогнале тој да стигне во Северна Америка во 18. век и на почетокот на 19. век.

Го носи своето име по Американскиот Обред, за да се разликува од Обредот на Емулација кој бил создаден кога Ложите на Старите и Модерните се обединуваат во 1813 година. Соединетите Американски Држави, заради тоа што биле отсутни од обединувањето помеѓу овие два концепти на Слободното Sидарство, родени во Велика Британија, ја чуваат целата оригиналност и автентичноста на овој обред.

Не е невообичаено во Соединетите Американски Држави Обредот на Јорк да се практикува во тандем со Стариот и Прифатен Шкотски Обред. Ова го охрабри создавањето на Колеџот на Обредот на Јорк во 1957. година во Детроит со цел да се одбрани и промовира овој Обред.

Обредот на Јорк е заснован врз Библијата, и тоа најмногу врз Стариот Завет. На знакот на редот секогаш му претходи фразата „Бог Чува“. Процесот на иницијација, од сината ложа до степенот на Витез на Црвениот Крст на Константин, содржан во Обредот на Јорк, е за Слободниот Sидар да помине од Храмот на Соломон (од Стариот Завет) кој го обновува со примањето на гнозата за Храмот преку веќе Христијанското гледиште во рамките на Командериите.

Обредот на Јорк е поделен на 14 степени групирани во 5 категории:

  • Прва категорија – Сина Ложа: 1. Ученик, 2. Помошник, 3. Мајстор.
  • Втора категорија – Поглавје и Кралскиот Свод: 4. Мајстор на Знакот, 5. Поранешен Мајстор на Знакот, 6. Многу Добар Мајстор, 7. Слободен Sидар на Кралскиот Свод.
    • Ритуалите на Кралскиот Свод биле унифицирани во 1797. година во Бостон.
    • Својата симболика ја зема од Заветниот Ковчег содржан во храмот Соломон.
  • Трета категорија – Советот на Криптички Слободни Sидари: 8. Кралскиот Мајстор, 9. Одбран Мајстор, 10. Одличен Мајстор.
    • Ритуалите на Советот се многу помодерни. Се проценува дека тие биле унифицирани на почетокот на 19. век. Советот ги завршува степените на Капителите со митолошка референца за криптите на Храмот на Соломон.
  • Четврта категорија – Командерии и Витези на Храмот: 11. Витез на Црвениот Крст, 12. Витез на Малта, 13. Витез на Храмот.
    • Командериите имаат повеќе Христијанска димензија од Капителите на Советот. Тие поминуваат од Храмот на Соломон кон Темпларскиот Ред.
  • Петта категорија – Голем Камп: 14. Витез на Црвениот Крст на Константин.